14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Камчев со нова гаранција од 1,8 милиони евра бара да излезе на слобода, Обвинителството се противи

Најчитани вести

Бизнисменот Орце Камчев поднесе нова гаранција до судот, со која бара да излезе од притвор од истражниот затвор „Скопје“, одреден за случајот „Плацевите на Водно“. Гаранцијата, како што појаснуваат за „Фокус“ од Обвинителството се состои од имот во вредност од 1,7 милиони евра и готовина од 200.000 долари.

-Предлог гаранцијата се состои од недвижен имот во противвредност од 1.718.701 евра и готови парични средства во износ од 200.000 американски долари, одговорија од Обвинителството за „Фокус“.

Како што дознаваме од адвокатскиот тим на бизнисменот, имотот е на име на блиска роднина на Камчев, откако претходно понудиле имот кој е во соспственост на мајката на бизнисменот, Ратка Куновска Камчева, но обвинителството дало негативно мислење бидејќи и неговата мајка е обвинета во случајот „Плацевите на Водно“.

-Сега имаме ново барање со понудена гаранција од имот на друг член од семејството на Камчев, кој не е обвинет во случајот, ни посочи адвокатот Еленко Миланов.

Но, и на последната понудена гаранција Обвинителството повторно даде негативно мислење.

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави негативно мислење по однос на Предлогот за гаранција даден од лицето за кое покажувате интерес, ни одговорија од Обвинителството.

Сега Кривичниот суд ќе одлучува дали ќе ја прифати гаранцијата и ќе му дозволи на Камчев да се брани на слобода, или пак и понатаму ќе остане зад решетки.

Камчев досега во неколку наврати нудеше гаранција за да излезе на слобода, но обвинителството не се согласуваше. Реагираа дека имотот кој го заложува е веќе оптоварен со хипотеки, или не е „чист“, односно не се поклопува со она што е заведено во Катастар.

Но, неодамна бизнисменот успеа да добие зелено светло од вишт обвинител Диљавер Бектеши, кога понуди гаранција од 4,4 милиони евра, но Апелација повторно го вклучи црвеното светло и не му дозволи да излезе. Во образложението напишаа дека и покрај поудената гаранција се уште постои ризик обвинетиот да избега.

По оваа гаранција следуваше уште една, но второстепениот суд повторно згазна на кочницата. Предметниот обвинител, Лиле Стефанова се изјаснила дека Камчев треба да остане во „Шутка“, оспорувајќи ја понудената гаранција, но и поради ризикот од бегство.

Но она што е интересно, е дека вишиот јавн обвинител Бектеши најпрвин дал позитивно мислење бизнисменот да излезе на слобода, и тоа го напишал на 23 јули, но по неколку дена, поточно на 27 јули, се предомислува и го повлекува она што го кажал.

„Вишото јавно обвинителство со писмен предлог го вратил предметот на Апелациониот суд со напомена дека претходно изготвениот предлог го повлекува и сега се предлага да се одбијат како неосновани жалбите на обвинетиот… По однос на понудената гаранција наведе дека го менува
писмениот предлог за замена на мерката притвор со гаранциј а и дека остава на судот да одлучи по однос на понудената гаранциј а од страна на одбраната на обвинетиот“, пишува во документацијата која ја имавме на увид.

За Апелациониот суд пак немало дилема дека обвинетиот бизнисмен и понатаму треба да остане зад решетки.

На последното рочиште за случајот „Плацевите на Водно“, бизнисменот истакна дека не е виновен и дека обвинението против него е одмазда за случајот „Рекет“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com