15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Камчев до Јовановски: Ти платив два договори од по 150.000 евра додека купував време за својата слобода

Најчитани вести

Бизнисменот Орце Камчев на сведочењето за „Меѓународен сојуз“ кажа дека проектот кој му бил нуден од Бојан Јовановски со потпис од Лазар Јанев син на Катица Јанева, бил фиктивен, со цел да се заработат пари. Одговарајќи на прашања од првобвинетиот Јовановски, Камчев кажа дека му платил 300.000 евра за да купи време за својата слобода.

„ Кога Бојан Јовановски дојде со Милевски, тој договор беше условен дека со помош на министерството за труд и социјална политика ќе биде побарана локација, каде имаше сериозни врски. Се фалеше со слики од премиерот, а викаше дека 20 отсто од средствата ќе бидат субенционирани од Министерството за труд и социјална политика. Ми кажа дека Охрид, Битола се зафатени, Карпош е бојкотиран. Додека купував време за својата слобода, кога го правев тоа што го правев за да те тргнам из такво, ти понудив два догобори по 150.000 евра. Едната фактура од ‘Ок Медиа’ и една од ‘Систина’ се платени на ‘1ТВ’, за рекет. Во Македонија не постои телевизииска куќа со договор од 150 илјади евра, без прајмтајм термини. Договорите се платени на твојата телевизија, бидејќи проектот беше таков каков што беше. Јасна Мандиќ може да го потврди тоа”, рече Камчев.

Орце Камчев кажа дека од снимките кои беа изведени во случајот “Рекет”, а на кои се гледаат Зоран Милевски-Кичеец и Бојан Јовановски со торба, биле извадени четири-пет луѓе кои ги имало регистрирано на видео-надзорот.

„ Зоран Милевски-Кичеец ве донесе кај мене во канцеларија за да го презентирате проектот. Лицето Зоран Милевски-Кичеец во тоа време работеше во една од моите компании. Ме посетувале илјадиници луѓе дома, од политика, министерство, Обвинителство. Уште четири пет луѓе не се извадени од снимките, не знам зошто. Вие сте биле секојдневие, не мислам на вас, вие сте биле кај мене и на контролни прегледи, да видам до каде ви е зарасната раната”, рече Камчев одговарајќи на прашања од Бојан Јовановски.

Бизнисменот рече дека не е сопственик на ниту една од компаниите.

„ Сточарство, земјоделие, произведување на сирење, млеко, породилиште, болница за бебиња, болница за срце, општа клиничка болница, центри за дијализа, фабрики за текстил, чевли, фабрики за арско ѓубриво кое се преработува од говедата-преработка на гомна, производство ковид-маски и така натаму. Никаде не сум сопственик. Во последниве 15 години не поседувам ни една акција, ни една компанија. Јас како одговорно лице во компаниите сум потпишувал партнерски договори”, рече Камчев, запрашан да наброи со што се занимаваат неговите компании, но и да одговори дали е сопственик на истите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести