10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

Камчева: Јанева му даваше наредби на Боки 13 по телефон

Најчитани вести

Беше 9 ноември околу полноќ. Ме разбуди сопругот за да ми каже нешто. Дојде Милески и ни кажа дека утрото ќе има претрес. Така и беше. Попладнето Јордан за случајот “Империја” беше во суд. Кога дојдов во суд недолично се однесуваше обвинителката Лиле Стефанова. Таа тогаш рече “Ништо не ми можеше Тони моќта е кај мене. Само треба да знаеш кога е кај тебе и да ја искористиш”. Вечерта дојде Јанева. Јордан доби притвор таа вечер, рече Ана Камчева адвокат и сведокот во денешното рочиште за случајот “Рекет”, сопруга на бизнисменот Орце Камчев.

– Неколку дена подоцна Милески ме побара за да се сретнам со адвокатот Васил Димишков. На овас средба Васил ми кажа дека го предупредил Јордан и дека требало да соработува со него за да има поповолни услови за него – рече Камчева.

Адвокатот Димишков и рекол дека за неговата помош за поблага мерка за Камчев требало да се плати меѓу 2 и 8 милиони евра. Со тие пари тој и рекол неговата сестра-судијка ќе одела во пензија.

– Бидејќи Милески беше човек од доверба му реков нему утре да му ја каже сумата. Следниот ден ми беше речено дека сумата за плаќање е 6 милиони евра. На средбата со Јордан му кажав дека немаме предмет туку дека имаме проблем – рече Камчева.

Сведокот Камчева била повикана од Милески и и рекол да дојде во хотелот “Александар Палас”, и ми кажа дека Бојан Јовановски бил многу нервозен за некој текст на извесен портал кај што пишувало дека синот на Јанева работи во 1ТВ.

– Тогаш сфатив за нивниот близок однос. Неколку дена подоцна дојдов во 1ТВ. Бојан ме запозна со едно момче кое работеше на компјутер. Кога момчето излезе Бојан ми кажа дека тоа е синот на Јанева – истакна Камчева.

Бојан Јовановски, рече таа, ми кажа дека тоа што му се случило на мојот сопруг било резултат бидејќи ги одбил нивните понуди.

– Бојан беше близок со Јанева. Тој точно знаеше за секој чекор на постапката и со Јанева збореше по телефон. Таа му даваше напатствија и совети.

На една од низата средби Јанева даваше инструкции по телефон на пример кој адвокат да дојде во СЈО, адвокатот Антонио Апостолски и беше според да дојде, нагласи Камчева. Додаде дека на една од средбите Бојан Јовановски и побарал 500.000 евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com