10.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Камперите на Fiat на мета на судовите поради дизел-скандалот

Најчитани вести

Возилата за кампување што се изработени врз основа на Fiat Ducato наскоро нема да можат да учествуваат во сообраќај, поради тоа што емисијата на штетни материи од нивните дизел мотори е неколкукратно повисока од дозволеното. Се вградувале посебни уреди за лажирање на чистотата на моторите.

Поради недозволени преправки и превисока емисија на штетни материи од дизел моторите, камперите со техника од Fiat Ducato што се регистрирани во Германија ќе останат да мируваат, додека не се најде решение. Судовите во земјата ќе изречат исклучување од сообраќај и ќе издадат сервисни повици за овие кампери, кои досега беа лажно поштедени од дизел-скандалот. Се најавуваат и постапки против одговорните лица.

Сомневања за дрски преправки кај камп возилата и транспортерите на база на Fiat Ducato постојат уште од 2016 година. Германските власти сепак оставија за тоа да решаваат италијанските органи. Тие не презедоа ништо, така што стотици илјади купувачи на скапите возила за кампување со години користеа возила со прекумерна емисија на штетни материи.

Мерења од различни институции доаѓаа до истите резултати – масивно пречекорување на законските норми. Во поглед на азотните оксиди, кои се исто толку штетни колку PM-честичките, беа измерени и 19 пати (!) повисоки вредности од лимитот.

Во возилата биле вградувани недозволени уреди за манипулација, со коишто пречистувањето на издувните гасови функционирало примерно само за време на тестирањето на издувните гасови. Откако судовите утврдија прекршоци од страна на производителите, голем број сопственици на овие возила се подготвуваат да поднесат барање за обештетување од страна на производителот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com