Националниот демократски институт (НДИ) денеска почнува кампања за подигнување на јавната свест за елиминација на насилство врз жени во политиката. Слоганот на кампањата е „Заокружи не за насилство врз жени во политиката“.
Кампањата е дел од проектот „WoMen Lead: Унапредување на родовата еднаквост преку политичко учество на жените“, имплементиран од Националниот демократски институт (НДИ), а финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна поддршка (СИДА).
Почетокот на кампањата ќе биде означен во Музејот на современа уметност.