7 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Камион удрил момче на велосипед во Муртино, итно пренесено во болница

Најчитани вести

Малолетен велосипедист се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од камион во Струмичко.

Вчера во 16.15 часот во село Муртино, струмичко, товарно моторно возило „волво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А. (52) од село Дабиле, удрило во велосипед што го управувал малолетник од село Муртино. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде му била укажана лекарска помош, информираат од СВР Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести