10.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Камионетот на Тесла ќе дебитира во ноември

Најчитани вести

На прашање поставено на Твитер, дали премиерата на новиот модел која и порано е најавена за во ноември , навистина ќе се одржи во тој месец, Маск одговорил потврдно, не прецизирајќи точен датум.

Потсетуваме, првиот човек на компанијата Тесла на почетокот на август објави ново возило во завршна фаза на развој и рече дека ќе биде подготвено за два до три месеци, за во септември да соопшти дека премиерата ќе се одржи во ноември.

Тесла до сега има објавено само една фотографија од својот камионет, но таа ништо не открива околу неговите спецификации и финален изглед. Сепак Маск неколку пати сугерираше дека камионетот значително ќе се разликува од досегашната гама автомобили на оваа компанија.

Во јуни Тесла соопшти дека камионетот ќе чини помалку од 50.000 долари придружено со храбра изјава дека овој камионет ќе се управува како Порше 911. Автономијата на батериите помеѓу две полнења изнесува од 650 до 800 километри.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com