65
Италијанските медиуми открија дека моментално се води голема борба околу потписот на италијанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Вест Хем, Џанлука Скамака. Поранешниот фудбалер на Сасуоло е проценет на околу 25 мил. евра, а медиумите на Апенинскиот полуостров открија дека напаѓачот е голема желба на раководните лица на Интер и на Рома.