Македонската поп-дива Калиопи која во периодов е на турнеја низ Србија, најавува својот концерт во црногорскиот град Плевља. Концертот ќе се одржи на 20 октомври со почеток во 20 часот во Домот на културата во Плевља.
Букле во текот на октомври беше на голема турнеја низ БиХ а во текот на овој месец е на турнеја низ десетина градови низ Србија.
Следни на агендата на Калиопи се Краљево, Лазаревац, Панчево и Ниш. Нашиот голем музички бренд има веќе закажани настапи за следната година, од сопствени извори дознаваме дека Калиопи на 10 јули 2020 година ќе има концерт на плоштадот во Грделица, Србија.