24.8 C
Skopje
Wednesday, July 28, 2021

Калиопи во белградска “Арена“ пред 30 илјади фанови!!!

Најчитани вести

Македонската поп пејачка Калиопи е при крај со успешната турнеја во Босна и Херцеговина. И никого не остави рамнодушен. Не само публиката, туку своите емоции кон Калиопи јавно ги споделуваат и многубројни познати личности, нејзините колеги. Па, така пејачот Жељко Самарџиќ напишал: „Мила моја, од срце ти посакувам твојата турнеја во Босна и Херцеговина да ти биде голема љубовна адреса. Драго ми е што започна во мојот роден град Мостар, те сакам многу“. На концертот во Сараево одлично уживаше и добро познатата фолк-пејачка Ханка Палдум.

Тие две се бакнаа на сцената, по што Ханка на својот Инстаграм сподели видео од средбата, па напиша: „Се сакаме“! Иако во Македонија поодамна немала турнеја, Калиопи супер си поминува кај публиката во поранешните ЈУ-републики. Интересно е секако и тоа што нејзината турнеја ја следат и нејзините добри колеги, меѓу нив и Нина Бадриќ која под сликите и ставила срциња. После Босна, Калиопи продолжува со концертите во Србија. На 9 ноември ќе има голем солистички концерт во белградска “Арена“ која ќе треба да ја наполни со околу 30 илјади свои обожаватели. Не се сомневаме во тоа.  Д.М/vecer.press

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести