1 C
Skopje
Wednesday, January 27, 2021

Калеска – Ванчева: Дали Мицкоски се сретнал со Гајсер во Будимпешта

Најчитани вести

Сите шеми и линкови за објавување на снимката за случајот „Рекет” водат кон белиот дворец зад мене, седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот вистински шеф, Никола Груевски. Авторот на текстовите кои излегуваат во италијански медиум, има релации со ВМРО-ДПМНЕ. Советник на Никола Груевски членувал во иста организација во која членува и авторот на текстот. Весникот има објавено интервју со Никола Поповски од ВМРО-ДПМНЕ каде се промовира проектот на Никола Груевски против невладините организации во земјава, вели пратеничката на СДСМ, Калеска – Ванчева.

„Наместо да молчи за прашањата што му ги поставивме вчера, додава таа, дублерот на Груевски, Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори: Кој ги лиферувал снимките во италијанскиот медиум? Со кои двајца од луѓето кои се гледаат на видео снимката се има сретнато Мицкоски? Дали и што примил на рака? Јавноста има право да ја знае вистината а вистината ќе се дознае, бидејќи таа е како шило“, истакна пратеничката од СДСМ.

Таа постави неколку прашања до Мицкоски.

„Дали со авторот на текстовите кои излегуваат во италијанскиот медиум Мицкоски се сретнал во Будимпешта? Дали му дал нешто на авторот на текстот и што е тоа? Создадените тајкуни од режимот, во координација со Никола Груевски, помогнати од нивните извршители прават се да ја срушат правната држава, да ја загрозат европската интеграција на земјата да се претстават како жртви и да се спасат “, запраша пратеничката Снежана Калеска – Ванчева.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести