3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Како Џејми Оливер ослабе 12 кг без гладување? – Оваа промена е клучна

Најчитани вести

Џејми Оливер со години е омилен готвач во светот, кој со своите брзи и здрави рецепти промовира здрава исхрана. Сепак, и покрај тоа, тој имаше проблеми со вишокот килограми.

Славниот готвач, како и повеќето готвачи во светот со текот на годините доби вишок килограми, но за среќа успеа да се ослободи од нив за кратко време и сега тој ја открива својата тајна.

Тој неодамна во интервју за Радио Тајмс призна дека ослабел дури 12 килограми, а како што вели, за тоа е одговорно намалувањето на количината на месо што го консумира.

„Го намалив внесот на месо и го зголемив внесот на зеленчук, спиев повеќе и се движев повеќе. Изгубив 12 килограми прилично брзо и не гладував. Јадев многу, повеќе отколку што бев навикнат“, објаснува тој.

Но, покрај промените во дневното мени и промените во животните навики, проба и здрава, нова храна, од која е воодушевен.

„Мислев дека алгата е модерна храна, но нашите предци јадеа алги. Имаат многу јод и тоа всушност е најхранливиот зеленчук во светот, објасни славниот готвач.

Сепак, не само намаленото внесување месо и зголеменото внесување зеленчук му помогнаа да ослабне. Имено, тој почна почесто да конзумира ореви.

„Тие го намалуваат ризикот од срцев у дар, тие се здрави и не заборавајте да им ги дадете и на вашите деца да јадат меѓу оброците“, вели Оливер, кој има пет деца.

Иако Оливер не престана целосно да конзумира ал* охол за да ослабне, призна дека е поумерен.

„Сега пијам само за време на викендите“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com