Еден мошне необичен BMW M5, од генерацијата E39, во моментов е огласен за продажба од една белгиска компанија, што приватните тркачки тимови ги снабдува со автомобили и воедно работи на одржување на тркачки олдтајмери. Во овој M5 е вграден мотор W10 од Volkswagen.
Тоа е веројатно најуникатниот примерок од BMW M5 и во тоа е уверен и продавачот. Белгиската компанија GDM Motors огласува на продажба M5 од генерацијата Е39, на преодот од стариот во новиот милениум, во којшто е вграден мотор W10 од Volkswagen.
Вредноста на овој уникат е дотолку поголема, затоа што не се работи за хоби-потфат, туку за проект што сосем официјално се одвиваше во концернот Volkswagen.
Кога ексклузивните марки Bentley и Bugatti се најдоа под покривот на концернот од Волфсбург во 1998 година, тогашниот извршен директор Фердинанд Пиех, наложи развој на нов мотор, што идните модели од новите марки ќе ги разликува од конкуренцијата.
Високопочитуваниот Пиех, од семејната лоза на Порше, лично ја назначи др. Сабине Вилеке да ги развива новите мотори. Додека се работеше на развој на моторите W16, W12, W10 и W8, потребно беше да се најде возило во коешто Фердинанд Пиех ќе ги испробува моторите.
ФОТО: https://www.gdm-motors.com/bmwm5w10
Бидејќи концернот тогаш располагаше со соодветен модел, за моќните мотори да се вградат во него, Волфсбург се снабди со BMW M5.
Директорот бил толку одушевен од овој BMW M5 со мотор W10, што и самиот честопати го користел возилото во приватни цели.
Вилеке успеа да конструира одлични мотори. Bentley вгради мотор W12 во својот Continental GT, претставен во Париз во 2002 година. Подоцна следеше и W16 во прочуениот Bugatti EB 16/4 Veyron.
Цената не се објавува, сопственик ќе биде тој или таа што ќе понуди најмногу.