3.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Како пропаднал трансферот на Донарума во Барса: Нерелни комбинации на Раиола

Најчитани вести

Трансферот на Џанлуиџи Донарума во ПСЖ по завршувањето на ЕУРО го отвори прашањето на односот на клубот кон Кејлор Навас, но исто така и овозможи на јавноста да станат достапни оние другите приказни околу тоа како најкорисниот играч на континенталниот шампионат не го завршил трансферот во некој друг клуб. Конкретно, во Барселона.

Каталонски „Мундо Депортиво“ ја отвори „Пандорината кутија“ и пред јавноста изнесе какви комбинации правел Мино Раиола обидувајќи се својот клиент да го пресели на „Камп Ноу“. Раиола од сите заинтересирани страни ги барал истите услови – годишна плата од 12.000.000 евра нето. Директорите на Барса не можеле да го прифатат тоа од проста причина што клубот на големо работеше на тоа како да ги намали платите на играчите поради веќе познатата лоша финансиска ситуација во касата, но и поради тоа што е надминат лимитот за примања поради што не можат да се регистрираат нови играчи.

За потсетување, Лионел Меси во меѓувреме прифати да ја преполови својата плата од над 50.000.000 евра само за да му помогне на клубот да се спаси, па затоа не беше реално Донарума да добие 12.000.000 евра нето.

Преговорите тогаш на кратко биле забавени, но по неколку дена Раиола се јавил со нова комбинација. Тој бил подготвен за Донарума да прифати далеку помала плата во првата година, но Барселона да се обврзе дека веќе во втората сезона ќе му го надомести сето тоа со, ни помалку ни повеќе, туку 24.000.000 евра. Нето! Што значи чиста плата со веќе одбиени сите даноци и давачки. Со тоа Донарума практично ќе станеше далеку најплатениот играч во клубот заедно со Меси.

Барселона по овој предлог веќе не ни одговарала на повиците на Раиола бидејќи во клубот никој не бил подготвен да преговара за трансфер со нереални услови. Набрзо Донарума замина во париз, каде експресно ја добил бараната плата, плус провизија, бонуси…

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести