-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Како правилно се чуваат летните гуми?

Најчитани вести

Време е за промена на гумите на возилата, а често се поставува прашањето, што со летните гуми?

Едно од решенијата се хотели за гуми – доколку ги внесете овие клучни зборови во интернет пребарувач, ќе ви се отвори целиот свет на приватно сместување односно „апартмани“ за гуми.

Ако одлучите сами да ги складирате вашите гуми, треба да знаете неколку важни информации.

Правилно складираните гуми не ги губат своите карактеристики, така што нивниот век на траење ќе биде подолг. Експертите на „Goodyear“ подготвија неколку корисни совети кои ќе ви помогнат правилно да ги чувате вашите гуми.

Пред да ги складирате гумите, исчистете ги од нечистотија и отстранете ги камењата и сличните предмети што можат да ги оштетат или да влијаат на обликот на површината на лежиштето.

Чувајте ги гумите на темно, суво и ладно место бидејќи изложувањето на дневна светлина, а особено на УВ зраците е многу штетно за нив.

Контактот со масла, лубриканти, лакови и горива исто така ги оштетува гумите.

Гуми со бандажи

Ако ги чувате гумите со бандажи, намалете го воздушниот притисок пред складирањето, но не ги испразнувајте целосно.

Не чувајте ги гумите со бандажи во исправена положба, туку закачете ги на носачи за да ја поминат зимата без оптоварување.

Ако не можете да ги закачите гумите со бандажи, наредете ги една врз друга, но висината на наредените пневматици да не надминува 1,5 метри.

Добро е еднаш месечно да се прередуваат за да се смени онаа на дното

Гуми без бандажи

Гумите што сте ги извадиле од бандажи, ставете ги паралелно во исправена положба, оставајќи малку простор меѓу нив.

Се препорачува да се вртат на секои четири недели за да не се деформира гумата, пишува Б92.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com