2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Како почеток на лош виц: Јутјубер “го учел кучето да лета”, му врзал балони за околувратникот и го пуштил во воздух

Најчитани вести

Индиската полиција го уапсила Јутјуберот кој врзал балони за околувратникот на своето куче “за да полета”.

Гуарав Шарма објавил снимка на која се гледа како става балони на куче и го пушта да полета. Неколку секунди подоцна, некој од терасата на вториот кат го фатил кучето.

Шарма рекол дека ги преземал сите мерки за безбедност, но дека по хаосот кој неговата снимка го направила на социјалните мрежи, го избришал видеото од својот ЈуТјуб канал кој има четири милиони претплатници.

Полицијата го уапсила Шарма по обвинение на организацијата за заштита на правата на животните – “Луѓе за животни” (PFA).

Шарма подоцна објавил извинување наведувајќи дека ги преземал сите безбедносни мерки додека го снимал видеото, и ги повикал своите фанови на да не го имитираат. Рекол дека ги сака животните, и дека своето куче Долар го третира како свое дете.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com