Home » Како Меси „лета“ на црвено светло во Флорида?

Како Меси „лета“ на црвено светло во Флорида?

by Lina Muslija

Лионел Меси беше снимен зад воланот на неговиот луксузен теренец во моментот кога поминува на црвено светло на семафор.

При правењето на сообраќајниот прекршок бил придружуван од полиција со вклучени ротирачки светла, но за малку ќе налетал на судар со друго возило.

Ова се случи во Форт Лодердејл, на 45-ина километри од Мајами, за чиј МЛС тим Меси ќе настапува следната сезона.

На снимките од социјалните мрежи се гледа како Меси се приближува до семафорот кога навивач му приоѓа на автомобилот за да го сними. Меси, следен од полициска придружба, продолжил да вози, а потоа поминал на црвено светло и влегол во раскрсницата.

Во таа прилика можеше да дојде до судир, според корисниците на социјалните мрежи, бидејќи на патот на кој се приклучи Меси доаѓаше друг автомобил. За среќа, не дојде до судир.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk