30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Како Македонија не доби пари од Фондот за солидарност: ЕУ појаснува

Најчитани вести

Македонија не успеала да ги исполни поставените критериуми во моментот за апликација за парите од Европската Унија наменети за земјите, а од Фондот за солидарност, појаснија од Делегацијата на ЕУ во земјава синоќа за МИА. Објанувањето следуваше откако стана јасно дека земјава не е меѓи државите кои добиле од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ.

„ЕУ обезбеди одржлива помош за Северна Македонија во справување со Ковид-19 од почетокот на падемијата. Конкретно, обезбеди 226 милиони евра за покривање на медицински материјали и опрема, за поддршка на ранливите групи, бизнисите и невработените, како и за микрофинансиска помош“, велат од Длегацијата, потсетувајќи дека неодамна се обезбедени и 70 милиони евра за набавка на вакцини и поврзана опрема за регионот на Западен Балкан.

Претходно Европската комисија (ЕК) денеска објави дека ќе даде речиси 530 милиони евра како финансиска поддршка за 17 земји-членки на Унијата и 3 земји кандидатки со цел да ги покријат јавните трошоци за медицинска и лична заштитна опрема, превенција, поддршка на населението, следење и контрола на ширење на болеста. Меѓу нив не е Северна Македонија, а трите земји кои добија помош, а не се членки се Албанија, Црна Гора и Србија.
Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров објасни дека за да добиеме помош како држава од ЕУ фондот за солидарност минималната вкупна сума на трошоците поврзани со здравствените аспекти на пандемијата требало да надмине 31 милиони евра за првите четири месеци на кризата.

„Нашите институции, сите заедно, пријавиле дека вкупно потрошиле под 8 милиони евра, со што не сме го исполниле условот за помош преку овој механизам. Рокот за аплицирање бил на 24 јуни минатата година“, напиша Димитров на фејсбук.

Од Секретаријатот за европски прашања (СЕП) објанија дека Македонија не доби пари од ЕУ зашто не направи доволно расходи
Информацијата дека земјава може да се аплицира е разгледана и усвоена на седница на Влада на 12 декември 2020 година, по што се прибрале податоците за итните трошоци настанати на централно и локално ниво. Но, по обработката на собраните податоци од институциите и општините и, како и на податоците за склучените договори поврзани со ковид-19 од Бирото за јавни набавки власта констатирала дека не го исполнила условот кој го поставила Унијата односно не биле направени доволно расходи во првите четири месеци од пандемијата.

„Имено, поддршката од ФСЕУ беше условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на Република Северна Македонија овој праг изнесуваше 30 852 000 евра и истиот не беше достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесуваше 7 670 831 евра. За финансиска поддршка преку ФСЕУ се квалификуваа расходи во здравствениот сектор настанати или предвидени да настанат во период од 4 месеци, сметано од датумот кога земјата којашто аплицира официјално вовела одредени заштитни мерки или пак прогласила вонредна состојба. Референтен период во оваа смисла за земјата беше периодот 10.03. – 09.07.2020 година“,објаснуваат од СЕП.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, ја обвини власта за недобиената помош.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести