8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Како изгледа сопругата на Даниел Крејг: Актуелниот Џејмс Бонд има убавица покрај себе (ФОТО)

Најчитани вести

Актерот Даниел Крејг за последен пат го гледаме во улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, а филмот „Нема време за умирање“ е веќе во кината.

Тој влезе во историјата, не само како најплатениот актер на Џејмс Бонд, туку и како актер кој напиша нови страници за најпознатиот измислен таен агент во светот.

Кога станува збор за приватниот живот на Даниел, тој е во среќен брак со актерката Рејчел Вајс, со која започна да излегува во декември 2010, а половина година подоцна ја однесе пред олтарот.

Двојката имаше прилично неконвенционална венчавка, поканувајќи вкупно само четворица гости на венчавката – и двајца од гостите беа нивните деца –  Ела, која е дете на Даниел од претходната врска со Фиона Лудон, и тогаш четиригодишниот Хенри кој Рејчел го има со поранешниот вереник Дарен Аронофски.- Никогаш не мислев дека ќе се омажам. Никогаш не беше тоа во моите планови, токму спротивното. Никогаш не сум била романтичен тип чијашто поента е всушност бракот. Но, тој посреќен, позрел момент едноставно се случи – рече тогаш новопечената г -ѓа Крејг за списанието ES.

Двојката доби ќерка пред три години, која вешто ја кријат од јавноста. Само актерката за време на бременоста изјави дека „едвај чекаат да се сретнат со нивното мало чудо“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com