3.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Како државите ги мотивираат своите граѓани да се вакцинираат

Најчитани вести

Кога започна процесот на вакцинација, некои земји имаа поголем успех од другите и постигнаа подобар напредок на тоа поле. Од самиот почеток, некои луѓе користеа разни придобивки и подароци за да ги мотивираат луѓето да се вакцинираат. Некои земји сега бараат задолжителна вакцинација за здравствените работници и вработените во одредени сектори. Кои земји сè уште се обидуваат да ги мотивираат граѓаните да се вакцинираат со подароци, ваучери или пари, а кои избраа поинаква тактика?

Една од земјите што се обидува да ги убеди граѓаните да се вакцинираат со подароци е Кина. Тоа се однесува на давање бесплатна храна и сладолед.

Најнаселената земја во светот сака да вакцинира околу 80 до 85 проценти од своите граѓани со цел да се стекне со колективен имунитет до декември. Тоа значи дека околу една милијарда луѓе ќе мора да бидат вакцинирани. Дел од кампањата за вакцинација се постери, транспаренти и видео реклами, како и лекари, телевизиски водители и веќе вакцинирани, кои јавно апелираат до граѓаните да го направат истото. Во средината на годината, властите излегоа со уште еден трик – да ги „поткупат“ граѓаните со подароци.

По првата доза вакцина во некои делови од Кина, беа дадени подароци: јајца и брашно, ваучери за купување или билети за кино. Акцијата е водена од т.н. „Соседски одбори“, нешто како локални заедници. Во Кина, тие комитети се инаку одговорни за спроведување и контрола на политиката на Комунистичката партија на локално ниво.

Сепак, ова не вроди со плод како што се очекуваше, па сега властите во одредени делови на Кина издадоа соопштенија дека ќе го прекинат пристапот до болниците, училиштата и некои јавни услуги за невакцинирани граѓани.

Невакцинираните работници во супермаркетите и сопствениците на тезги нема да смеат да работат. Некаде мерките се уште поекстремни. Во некои градови, на учениците нема да им биде дозволено да одат на училиште, освен ако двајцата родители не се целосно вакцинирани.

Некои региони им дадоа на граѓаните да се вакцинираат до крајот на јули, а некои одредија краен рок до средината на јули.

САД: Од лотарија до авионски билети

Првичниот план на САД беше да се вакцинира поголем дел од нацијата и да се достигне колективен имунитет до 4 јули. Следејќи го тој рок, речиси сите американски држави во еден момент им понудија награди на граѓаните, кои ќе изберат да примат една од понудените вакцини.

Така, сите жители на Вашингтон кои примија вакцина против коронавирус, учествуваа во лотарија, во која главната награда е неверојатни еден милион долари, додека уште неколкумина ќе добијат „утешни награди“ од 250.000 долари. Овие награди не беа единствените во рамките на програмата за поттикнување на вакцинацијата. На списокот се вклучени и школарини, авионски билети, потоа билети за спортски натпревари, картички за подароци…

Гувернерот на Охајо, Мајк ДеВајн, најпрво воведе лотарија како поттик за вакцинирање, кога во мај објави дека пет лица над 18 години кои ќе се вакцинираат, ќе добијат еден милион долари. Во Калифорнија, десет вакцинирани жители имаа можност да добијат по 1,5 милиони долари, додека „среќниот добитник“ од Ново Мексико може да освои десет милиони долари.

Поинаков пристап во Германија и во Франција

За разлика од Кина и од САД, двете најсилни европски сили одлучија да ја охрабрат вакцинацијата со придобивки за вакцинираните.

Така, Германија објави дека со доказ за вакцинација, луѓето кои примиле една од одобрените вакцини нема да мора да бидат тестирани, на пример, кога одат во фризер или во зоолошка градина. Тие исто така беа ослободени од тестирање или карантин при пристигнување во Германија, освен ако не доаѓаат од земји прогласени од Институтот Роберт Кох за области во кои доминираат мутации на вирусот. За вакцинираните не важеше ниту правилото за максимален број на лица на кои им е дозволено да се собираат ниту полицискиот час.

Што се однесува до Франција, Емануел Макрон изјави дека вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници од 15 септември. Доколку не се вакцинирани, се соочува со суспензија на плата или отказ.

Макрон не воведе задолжителна вакцинација за сите, но тој нагласи дека животот на невакцинираните лица во Франција ќе биде исклучително тежок, дури и во ситуации кога ќе седат со пријателите на кафе или ќе ручаат надвор од своите домови.

Од 1 август ќе се воведат ковид потврди, што ќе бидат задолжителни за сите што сакаат да одат во ресторани. Секој ќе треба да има или доказ дека е вакциниран, дека прележал Ковид-19 или негативен ПЦР тест. Поради тоа 2,2 милиони луѓе се пријавиле да се вакцинираат во рок од 48 часа. Макрон најави дека Франција ќе започне да наплатува за тестови за коронавирусот, што досега беа бесплатни.

Оваа вест ја подели земјата. Од една страна, луѓето ја поддржуваат одлуката на Макрон, додека некои не се најсреќни поради новите мерки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести