Home » Како до совршена комбинација од тесен топ и предимензионирани пантолони

Како до совршена комбинација од тесен топ и предимензионирани пантолони

by Журнал.мк

дали знаевте дека еден од најприсутните трендови годинава, комбинацијата на минијатурен и тесен топ со предимензионирани и широки пантолони е всушност ехо на трендот кој го поставија пејачката Алија во 90-тите, а подоцна и Аврил Лавињ, додавајќи му панк твист на овој типичен хип-хоп имиџ?

Денес, главниот „виновник” за растечката популаност на овој тренд е генерацијата Z и корисниците на TikTok платформата кои објавуваат содржина посветена токму на оваа комбинација, додавајќи го хаштагот #BigPantsLittleTop за полесно пребарување и наоѓање инспирација.

Но, овој тренд не е ограничен единствено на уличната и интернет модата. Големите модни имиња како Jacquemus, Chanel, Casablanca, and Christopher John Rogers, ја презимаат оваа комбинација во свои раце, давајќи ѝ високо-модна димензија.

Па така, на пролетната модна ревија на Jacquemus ја видовме неговата интерпретација на овој тренд преку уникатна комбинација од циклама бралет, предимензионирани розови тексас панталони и широка кошула на закопчување во иста боја. Chanel пак ги врати во мода тесните топови со графички дезени впикани во широки пантолони, а Christopher John Rogers докажа дека оваа комбинација може да биде и свечен вечерен изглед.

На Париската модна недела бевме сведоци дека овој тренд не е ограничен само на жените, туку е стил во кој можат да уживаат сите луѓе без разлика на родовата припадност. Па така, машките колекции вклучуваа комбинации од тесни маици впикани во предимензионирани фармерки и широки класични пантолони.

Доколку сакате да му дадете шанса на овој тренд, во прилог погледнете н еколку фотографии што можеби ќе ја инспирираат вашата следна комбинација за излегување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk