14.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Како до почист и поквалитетен воздух во домот?

Најчитани вести

Загадувањето на воздухот секоја година достигнува алармантно високи стапки. Затоа зимата може да ни изгледа долга, студена и „темна“. Во денешни услови, од уште поголемо значење е чистиот и квалитетен воздух надвор, но и дома. Кога станува збор за чист воздух во нашиот дом, добро е да знаете дека, според некои светски студии, воздухот во затворени простории може да има повеќе нивоа на одредени внатрешни загадувачи кои се до пет пати повисоки од надворешните. Но сепак постои начин да можете да земете длабоко воздух и да ја почувствувате свежината на оазата.

Но, кој конкретен апарат може да вети квалитетен и чист воздух во домот?

Да се има прочистувач на воздух во домот сигурно ветува многу. И навистина е така. Прочистувачот е дизајниран да го чисти воздухот во вашиот дом и да ги отстрани нечистотиите како што се чад, мали честички на загадување (вредност PM2,5) или домашна прашина. Ако живеете во област во која нивото на загадување е повисоко, прочистувачот може да ви помогне да се ослободите од лошиот воздух што е присутен во вашиот дом.

Прочистувачот на воздух навистина може да неутрализира дел од загадувањето на воздухот во домот. Прочистувачот AP500 SENSE AIR од Gorenje е погоден за поголеми дневни соби (до 60 m2), а со својот двоен систем за филтрација ќе ви помогне да уживате во почист и посвеж квалитет на воздух во затворени простории.

Двата сензора на AP500 SENSE AIR прочистувачот од Gorenje ги читаат ултра ситните честички (PM2.5) и испарливите органски соединенија (VOC). Испарливите органски соединенија (VOC) се многу непостојан извор на загадување на воздухот во затворен простор. Како примери за извори на VOC во домашни и работни средини можат да се наведат следниве: бои и лакови, козметика, производи за чистење, софи, душеци, теписони, весници и фотокопири итн. Сензорите на прочистувачот  AP500 SENSE AIR го мерат квалитетот на воздух во затворена просторија и го прикажуваат во три различни сегменти – од чист до многу загаден воздух, односно од одличен до слаб квалитет на воздух. Вредноста ќе ја генерира бојата на ЛЕД-дисплејот (вредност на VOC) и бојата на прстенестата светлина (вредност на PM2,5).

Каков систем за филтрација е потребен за чист и свеж воздух во домот?

Исто така, двојниот систем за филтрација со заменлив 3 во 1 филтер кој доаѓа со предфилтер, ХЕПА филтер и филтер со активен јаглен ќе осигури дека непријатните мириси никогаш нема да се шират низ просторијата. Ветувањето дека ќе имате почист и поквалитетен воздух во домот е исто така и во технологијата на јонизација која ослободува негативни јони во воздухот неопходни за метаболизмот на клетките и другите витални функции, како и во петте брзини (3 брзини на вентилаторот, 1 турбо и 1 режим на мирување. Светлосениот индикатор за квалитет на воздух ќе ви го покаже моменталниот квалитет на воздухот во вашиот дом, така што ќе можете подобро да го изберете посакуваниот режим на прочистување.

Дигиталниот тајмер дефинитивно ќе го олесни користењето на апаратот и да, сигурно ќе се чувствувате многу подобро кога дишете со полни гради. Нема главоболки, помалку симптоми на астма или само поголемиот фокус и виталност ќе ви помогнат да ги извршувате вашите дневни задачи многу подобро. Работата на прочистувачот на воздухот е потивка од шепотењето и нема да ве вознемирува кога работи со помала брзина на вентилаторот и со исклучени светла. Со ниво на бучава од само 25 dB го чисти воздухот за полесно дишење и спиење.

Повеќе информации за прочистувачот AP500 SENSE AIR од Горење погледнете тука или пак посетете ги продажните салони на Горење.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com