Како да ја победите анксиозноста?

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Модерниот и брз начин на живот влијаат на психичкото здравје. Во последно време се чини како скоро сите да патат од анксиозност.

Анксиозноста ја следи чувство на непријатност која е целосно неоснована и понекогаш немаме ниту најмала причина да правиме драма. Многу е тешко да се остане фокусиран на важните работи, па често се појавува и нервоза.

1. Одморете

Ако чувствувате дека мислите ви се постојано затрупани со вознемирувачка содржина, пронајдете некое удобно и мирно место во кое може да се релаксирате, сами.

Затворете ги очите и обидете се да се опуштите. На почетокот ќе биде тешко да се смирите и да ги синхронизирате телото и умот, но со вежбање тоа станува полесно. Изолацијата ќе ви даде можност да се фокусирате на вашите мисли.

2. Почувствувајте го вашето тело

Додека седите или лежите со затворени очи почувствувајте како вашето тело се движи со секое вдишување. На овој начин му помагате на телото да се чувствува подобро.

Фокусирајте се на дишењето, длабоките вдишувања ќе го намалат нивото на стрес и ќе ве отпуштат. Со секое ново вдишување ќе почувствувате како бесот и непријатноста ве напуштаат.

3. Ослободете ги мислите

Ако ве окупираат проблеми на кои не можете да престанете да  мислите, обидете се барем на неколку минути да заборавите на нив. Ослободете се и фокусирајте се на сегашниот момент. Бидете трпеливи, опуштањето е изненадувачки тешка работа. Ако сакате да ги сочувате здравјето и умот, практикувајте ја секојдневно оваа техника на опуштање. Колку почесто се обидувате, толку поуспешни ќе бидете.

4. Размислувајте позитивно

Секое однесување е последица на тоа што сме фокусирани. Ако мислите во главата ви се убави и мирни, тоа ќе се одрази и на вашето размислување.

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.