-1.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Како да е од гума: Пејачката ја нарекуваат “малата Бијонсе“, а во текот на нејзиниот настап никој не трепнал

Најчитани вести

Најголемо внимание на овогодишното доделување на MTV наградите привлекла младата пејачка Нормани Кордеи.

Нормани била дел од женската група Fifth Harmony чиј член накратко беше и Камила Кабело. Некогашните другарки кои останале во лоши односи откако Камила го напуштила бендот не сакале да се гледаат една со друга во текот на настапите.

Музичките критичари велат дека сите млади изведувачи би требало да го погледнат настапот на Нормани и да “фаќаат белешки“.

Пејачката која ја нарекуваат “малата Бијонсе“, покрај заразната мелодија и шаренолика сценографија на публиката ѝ приредила настап каков што нема брзо да се заборави.

„По овој настап сите можат да си одат дома“, „Или очите ме лажат или таа секоја коска ја превитка во текот на овој настап“, „Да поминам десет години во теретана и да имам тренер за балет повторно нема да можам да го направам ова“ – некои од коментарите на социјалната мрежа Твитер.

Настапот на Нормани бил една од најпопуларните теми на социјалните мрежи во последниве два дена и ова е само почетокот на кариерата на соло пејачката./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com