Како да го спасите смартфонот ако ви падне во вода

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Мобилните телефони неретко ни се мократ, некогаш од дожд, кога ќе паднат во вода, ќе истурите вода врз нив.

Експертите имаат неколку совети за да го спасите мобилниот телефон кој ви паднал во вода, а најважно е да регирате брзо. Веднаш извадете го телефонот од вода и прво исклучете го за да не се направи краток спој. Извадете ги батеријата и сим картичката и исушете ги сите делови со хартија. На овој начин ќе ги сочувате контактите од сим картичката.

Користете правосмукалка за да ја извлечете течноста која можеби останала во телефонот. Телефонот ќе биде сув за  околу 30 минути. Правосмукалката држете ја на одредена оддалеченост за да избегнете статички електрицитет кој може да го оштети телефонот.

Не го сушете мобилниот со фен за коса. Ова е голема грешка, оти фенот само ја става водата подлабоко во телефонот наместо да ја извлекува. Водата допира до електронските делови од телефонот и ги оштетува. Ставете го телефонот во кеса со ориз, оти оризот ќе ја апсорбира преостаната влага. На крај ставете го телефонот на сонце. Држете среќа кога ќе го вклучите да работи./ USB.mk

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.