Постарите генерации паметат дека езерото Треска во близина на Скопје е изградено со парите од Самопридонесот , кој го плаќаа сите вработени граѓани , за да се изгради овој спортско рекреативен центар , што сега е целосно уништен.
Според снимките од Телевизија Скопје во прилогот на Катерина Намичева се гледа како изгледало езерото Треска во тие не така даманешни времиња, пред 43 години во 1978 –та .
Покрај видеото е поставен и текст со техничките карактеристики на езерото.
Езерото Треска претставува рекреативно езеро во село Сарај, во близина на главниот град на Македонија, Скопје. Езерото се протега на површина од 136.000 м2, длабоко е од 1,6 до 3 м и има капацитет од 10.000 капачи. Целиот спортско-рекреативен комплекс е изграден во 1978 година со самопридонес на жителите на Скопје. Поради загаденоста на водата, езерото е затворено како капачки објект од 1998 година.