2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Каква среќа: Рибар уловил многу редок јастог со целосно сина боја: Шансите за тоа се еден во два милиони

Најчитани вести

Том Ламборн бил шокиран кога ловејќи крај брегот на Корнвол, го отворил капакот на кутијата со своите уловени ракови.

Рибарот од Велика Британија имал неверојатна среќа да улови многу редок јастог со целосно сина боја, за што експертите велат дека шансите да се најде во вашата мрежа се еден во два милиони.

Том Лаборн бил шокиран кога ловејќи крај брегот на Корнвол, го отворил капакот на кутијата со своите уловени ракови.

Том го фотографирал овој редок улов со латинско име “Хомарус Гамарус” од 30 центиметри, а после тоа го вратил назад во водата.

Сините јастози ја добиваат својата боја поради генетските аномалии поради што животното произведува прекумерна доза на одреден протеин.

Рибарите кои ја имаат среќата да уловат таков јастог веруваат дека тоа е знак на среќа, поради што обично не завршуваат во чиниите.

Јастозите во главно имаат кафена или сива боја, која им дозволува да се камуфлираат на карпестото морско дно.

И сините јастози, ,како и останатите, при готвење добиваат впечатлива црвена боја.

Том рекол дека секој улов е потенцијално изненадување.

“Никогаш не знам што ќе најдам во кутијата пред да ја отворам, но никогаш не сум видел јастог со ваква боја”, рекол тој.

“Ова е ми е само втора сезона на риболов, па мислам дека имав многу среќа. Го измерив и беше премал, не доаѓаше во предвид да го задржам. Да беше поголем, ќе го однесев во Националното мрестилиште”, рекол Том.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com