-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Каква е довербата на граѓаните во политичките партии и квалитетот на животот во државата

Најчитани вести

Институт за демократија деенска ќе го презентира Извештајот од спроведени фокус групи „Јавната перцепција за довербата во политичките партии, јавните институции и квалитетот на животот во Северна Македонија”.

Имајќи ги предвид наодите од извештајот за перцепциите на граѓаните за работата на Собранието на Република Северна Македонија – 2022 година, Институт за демократија (ИДСЦС) во текот на септември спроведе осум фокус групи во сите плански региони со цел квалитативно да ја испита перцепцијата на граѓаните за довербата во политичките партии, јавните институции и квалитетот на животот.

Учесниците во сите осум фокус групи главно ги поистоветуваат сите политички партии со лисици, па користеа атрибути како „подмолна”, „итра”, „несигурна” и „си гледа само за себе”. Перцепцијата на учесниците е дека Собранието е во вечна криза како и дека постои поларизација и раздор во Република Северна Македонија поради најновите политички одлуки поврзани со патот на земјата кон ЕУ, наведуваат од ИДСЦС

Настанот е под покровителство на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) на Собранието на Република Северна Македонија, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) преку Швајцарска Амбасада во Република Северна Македонија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести