Home » Казнети 238 пешаци, од нив 107 ќе одат на „сообраќајна поука“

Казнети 238 пешаци, од нив 107 ќе одат на „сообраќајна поука“

by Журнал.мк

Во текот на петчасовната контрола вчера во повеќе градови сообраќајната полиција казни 238 пешаци, од кои 225 се „фатени“ како поминуваат улица надвор од пешачки премин. На 107 пешаци издадени им се покани за посетување на сообраќајна поука. За време на контролата регистрирани се и 96 останати прекршоци.

Од МВР предупредуваат дека сообраќајните правила и прописи важат и за пешаците и дека со нивно непочитување си го загрозуваат животот, но и предизвикуваат опасни ситуации во сообраќајот.

„Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, порачаа од МВР.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More