За време на вчерашните сообраќајни контроли во Скопје казнети се вкупно 204 возачи за разни прекрпоци, а од тоа 53 се возачи на мотоцикли.
За брзо возење се казнети 32 возачи, изречени се 21 казна за за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за минување на црвено светло, како и за други прекршоци..
Засилените акциски контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.