17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Казнети 161 возач во Скопје, 35 за брзо возење, 16 немале дозвола

Најчитани вести

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (22 септември), спровела засилена контрола на територијата на град Скопје.

Како што информираат од МВР, изречени биле вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, 5 за возење под дејство на алкохол, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и три мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, 56 за непрописно паркирање.

Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com