15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

КАЗНА за кочанчанец кој со лажен ПЦР тест сакал да се качи во авион

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против 46-годишен жител на Кочани, бидејќи сторил кривично дело „Фалсификување исправа“ односно лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирус.

Јавно обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека на 14 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетиот се обидел да излезе од државава употребувајќи лажна потврда за негативен ПЦР тест на коронавирус.

– Иако не се тестирал и знаел дека не поседува сертификат од наведената лабораторија, тој лажната исправа ја употребил како вистинска, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетиот да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да бие определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести