14.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Каевски: Реализираме стратешка цел, во ЕУ влегуваме како Македонци

Најчитани вести

„За само пет години СДСМ успеа да ги реализира двете најголеми стратешки цели на државата. Преку одговорен, државнички пристап успеавме да ги тргнеме сите пречки и Северна Македонија да стане 30та членка на НАТО. По 17 години кандидатски статус конечно и сосема заслужено, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија“ рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Тој вели дека „сето ова го постигнавме со зачуван македонски јазик со чиста формулација, со заштитен македонски идентитет признат од целиот свет. Во ЕУ влегуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик и тоа веќе се гледа и преку првата меѓувладина конференција и преку процесот на скрининг“.

„Сега откако прашината од хистеријата падна, јасно се гледа дека пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет. Нема никаква асимилација и бугаризација со кои ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја плашеа јавноста. Но и покрај тоа што сите нивни лаги се демантирани, од белиот дворец продолжуваат да шират невистини и да измислуваат конструкции“ вели Каевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com