Home » Каевски: Просечната плата во јуни 31.869 денари, следува раст на платите во сите сектори

Каевски: Просечната плата во јуни 31.869 денари, следува раст на платите во сите сектори

by Журнал.мк

„Мерките и политиките на институциите предводени од СДСМ и во време на глобална криза даваат резултати, платите и пензиите растат, се отвораат нови работни места. Според последните податоци на државниот завод за статистика просечната плата за јуни годинава изнесува 31.869 денари. Јунската нето-плата е зголемена 10,9 отсто во однос на истиот месец од 2021 година“, рече на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

Тој почоси дека „во изминатите 4,5 години двојно ја зголемивме минималната плата, просечната плата се зголеми за околу една третина, на над 500 евра. Платите растат и ќе продолжат да растат во сите сектори“.

„Веќе од септември следува покачување на платите во образованието и детската заштита. Платите во Министерството за внатрешни работи ќе се зголемат за пет отсто. Со новиот Закон за служба во Армијата, платите во одбраната од септември ќе се зголемат просечно по 2.000 денари“, вели Каевски.

Тој смета дека „со одговорни и ефикасни економски политики, Владата предводена од СДСМ го штити стандардот на граѓаните и истовремено обезбедува услови за динамичен и конкурентен развој економијата и отворање нови работни места“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk