17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Каевски: Постојано инвестираме во одбраната, денеска имаме силна и угледна Армија која е дел од НАТО

Најчитани вести

30 години Армијата е столбот на одбраната и безбедноста на државата, на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите. Две години нашата Армија е дел од НАТО, рамноправна со останатите 29 армии во најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Како парламентарно мнозинство во изминативе години донесовме важни законски решенија кои значеа повеќе инвестиции во одбраната и подобри услови за работа на војниците. Последен од нив е Законот за служба во Армијата со кој обезбедивме дополнителни придобивки за војниците и вработените во одбраната, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека со измените, веќе од следниот месец следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал. Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата, а се воведуваат и поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата.

Во делот на пензионирање на војниците, на нивно барање обезбедивме значително подобри услови. Војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на нивната возраст, истакна Каевски.

Каевски наведе дека со новиот Закон се создава можност за исплата на отпремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, но не помалку од 1.000 евра за секоја година помината во службата. Тоа значи дека одредени војници можат да добијат отпремнина и до 20.000 евра. Сето ова значи вистинска грижа за Армијата, војниците и вработените во одбраната.

Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводиме, продолжуваме со реализација на мерки и политики кои градат силна, стабилна и достоинствена Армија, изјави Каевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com