Home » Каевски: Мицкоски се промовира како анти ЕУ политичар, СДСМ нема да дозволи враќање на државата во изолација

Каевски: Мицкоски се промовира како анти ЕУ политичар, СДСМ нема да дозволи враќање на државата во изолација

by Журнал.мк

Христијан Мицкоски веќе се промовира како анти-ЕУ политичар, кој заедно со неговиот проруски партнер Левица работи против напредокот на државата. Исто како и неговиот шеф, Никола Груевски, Мицкоски бара 61 пратеник во Собранието против ЕУ, да ја блокира земјата повторно. Тоа нема да се случи, Мицкоски може да биде против, но македонската иднина е сигурна и таа е европска. Нема да дозволиме враќање назад, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Тој додаде дека по 17 години чекање, започнавме преговори за членство во ЕУ, со заштитен македонски јазик и заштитен македонски идентитет. Наскоро ќе биде потпишан Договорот со Фронтекс и тоа на македонски јазик без фусноти и ѕвездички. Сите лаги на анти ЕУ Мицкоски потонаа.

Каевски истакна дека во државата има два политички концепти. Едниот предводен од СДСМ и Димитар Ковачевски за европска иднина, напредок, развој и побогати граѓани. Вториот предводен од Христијан Мицкоски е антиевропскиот концепт, кој значи враќање назад во изолација, неизвесност и бесперспективност.

СДСМ како предводник на концептот, кој носи европска иднина, со заштитен македонски јазик и македонски идентиет, заедно со граѓаните, нема да дозволи враќање во минатото и изолација. Продолжуваме кон ЕУ, изјави Каевски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More