ВМРО-ДПМНЕ објави дека се именувани нови претседатели на партиските комисии, а поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, ќе биде на чело на таа за окална самоуправа како дипломиран економист и раководител на оваа локална самоуправа во три мандати по ред.
Христина Рунчева-Тасев, доцент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, е избрана за претседател на Комисијата за надворешни работи, а таа за здравство ќе ја предводи Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет – Скопје и поранешен претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.
Зоран Љутков, актер во Драмски театар – Скопје, е на чело на Комисијата за култура, додека за спорт довербата му е дадена на Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.