7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

Кадиров до Русите кои не сакаат да војуваат: Немаат право да се нарекуваат мажи

Најчитани вести

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва.

– Дали имаат право да се нарекуваат мажи? Немаат! Дали имаат чувство за чест? Немаат! Чувство на достоинство? Не! Некои морални вредности? Не! – рече Кадиров.

Тој истакна дека смртта за татковината треба да биде посебна чест.

-Со помош на фашистите кои дејствуваат во Украина, сакаат да ја уништат нашата земја. Тоа значи дека нашата татковина е во опасност. Десетици милиони Руси немаат поим колку пати нашата земја била под закана во последните 20 години. И само благодарение на јасната и компетентна политика на рускиот претседател Владимир Путин не успеаја – рече тој.

Тој исто така истакнува дека дури и ако проруските сили ги напуштат сите региони, вклучувајќи го и Крим, Западот ќе продолжи да врши притисок врз Русија.

Тој посочува дека им дава збор дека ако не ги бранат нивните интереси, тоа ќе заврши лошо за сите Руси.

– Ќе ги изгубиме суверенитетот и независноста на Русија, а непријателите ќе ни дојдат во сите домови. Одлучете сами и ние Чеченците ќе ја браниме нашата земја и ќе ја исполниме наредбата на претседателот на државата – заклучи Кадиров,пренесе Аваз.ба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести