Home » Каде заглавија новите автомобили за Европа?

Каде заглавија новите автомобили за Европа?

by Журнал.мк

Недостигот од возачи за транспорт на контејнери и автомобили, во комбинација со големиот обем на трговија, доведе до застој во еден од најголемите светски автомобилски центри, германското пристаниште Бремерхавен.

Поради застојот, возила подготвени да влезат или да ја напуштат Европа сега чекаат на пристаништето, а производителите (и купувачите) на автомобили како што се BMW, Stellantis, Renault, Tesla и Volvo се на листата погодени.

Во просек, на пристаништето Бремерхафен се движат 1,7 милиони возила годишно, но недостатокот на возачи за тешка стока, како и возачи за истовар и утовар на возила кои влегуваат и излегуваат, доведе до сериозни доцнења.

Освен тоа, во моментов едноставно нема доволно бродови за транспорт на возилата. Глобалната флота е намалена за околу 13 бродови во споредба со 2019 година, што е резултат на прекумерното трошење во првата година од пандемијата.

За жал, за производителите на автомобили и клиентите кои чекаат нови возила, таа ситуација не се очекува да се реши пред 2024 година, кога ќе почнат да се испорачуваат новоизградените бродови.

За жал за потрошувачите, недостигот може да влијае и на цените на возилата. Со зголемената побарувачка за електрични возила од Кина во Европа, притисокот врз пристаништата може само да се зголеми.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More