9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Кавани љубезно го одбил Интер

Најчитани вести

Единсон Кавани ја одбил понудата од Интер да се пресели во Милано. Антонио Конте и Бепе Марота го контактирале Пари Сен Жермен откако извесно е дека им пропаѓаат толку посакуваните трансфери на Ромалу Лукаку и Един Џеко.

Манчестер Јунајтед немаат намера да ја намалат цената што ја бараат за Лукаку, а сега кога во целата приказна се вклучија и од Јувентус, јасно е дека Интер немаат шанси да го добијат Белгиецот.

Нешто подобра е ситуацијата со Џеко, постои надеж Интер и Рома да постигнат договор и тој во наредните денови да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Доколку Џеко дојде во Интер на тренерот Антонио Конте ќе му биде потребен уште еден напаѓач. Изборот бил 32 годишниот играч на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани.

Уругваецот потврдил дека бил контактиран од спортскиот директор на Интер, Бепе Марота и дека љубезно ја одбил понудата.

Кавани имал намера да ја одработи оваа сезона во Пари Сен Жерман, а потоа во јуни наредната година како слободен играч да замине од Париз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com