33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Кавани не знае дали ќе остане во Манчестер јунајтед

Најчитани вести

Напаѓачот Единсон Кавани нема донесено одлука околу неговата иднина во Манчестер јунајтед.

Според „ESPN“, 34-годишниот фудбалер сака да се фокусира на остатокот од сезоната 2020/21, по што има намера да одлучи дали ќе остане во клубот или ќе се пресели во Бока јуниорс.

Уругваецот Кавани се приклучи на Манчестер јунајтед како слободен агент во октомври 2020 година. Тој има седум голови и две асистенции на 25 настапи за „црвените ѓаволи“.

Договорот на фудбалерот со премиерлигашот од „Олд Трафорд“ важи до крајот на јуни 2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести