Home » Кабинет на претседателот: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем

Кабинет на претседателот: Се реализира заложбата на претседателот за исклучување на аболицијата од правниот систем

by Журнал.мк

Во Предлог-законот за помилување се исклучува можноста претседателот на државата да може да помилува лица за кои во тек е истражна или судска постапка.

– Во однос на предлог Законот за помилување, во чија изработка беше вклучен и претставникот на претседателот, конечно е вклучена заложбата на претседателот Пендаровски за исклучување на аболицијата во нашиот правен систем, односно да се оневозможи правото на шефот на државата да помилува лица за кои е во тек истражна или судска постапка, а нема правосилна пресуда, велат од Кабинетот на претседателот на државата.

На овој начин, како што се посочува, ќе се овозможи кривичните судови да ја остварат во целост својата основна функција, а таа е во соодветна постапка да ја утврдат вината на обвинетите и да ги осудат виновните сторители на кривични дела.

Министерството за правда денеска соопшти дека Предлог-законот за помилување е доставен во владина процедура. Оттаму меѓу клучните новини го посочија прашањето за правото на претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење. Ова, како што се наведува, беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More