12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

И јавната администрација годинава ќе земе К-15

Најчитани вести

Годинава и јавната администрација ќе земе К-15, потврди денеска премиерот Зоран Заев.

Ќе го исполнат ветувањето кое претходно го дадоа. Поради тоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и се опфатени сите кои што спаѓаат во колективните договори.

„Имаше одложување на оваа мерка во 2020 година во исплатата за 2019, поради тоа што кога требаше да се исплаќа почна третиот бран на ковид-кризата и беше навистина несоодветно време кога приватниот сектор оди со рационализирање, дополнителниот додаток да не се исплати“, рече премиерот.

Работниците во приватниот сектор претходните години добиваа К-15. Обврската за исплата на регресот за годишен одмор или популарно наречениот К-15 беше воведена во 2014 година. Се предвидува дека работникот има право на овој регрес само доколку работел најмалку шест месеци во текот на годината кај еден ист работодавец. Овој приход се исплаќа еднаш годишно најдоцна до 31 декември во годината

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com