Home » И Чех си заминува од Челси: Време е да се повлечам, клубот ќе биде успешен и во иднина

И Чех си заминува од Челси: Време е да се повлечам, клубот ќе биде успешен и во иднина

by Журнал.мк

Англискиот прволигаш Челси доби нов сопственик, а по комплетирањето на зделката почнаа да „паѓаат“ луѓето од претходното раководство предводено од Роман Абрамович.

Си заминаа спортскиот директор Марина Грановскаја и клупскиот претседател Брус Бак за да денеска тимот од Лондон ја информира јавноста дека си заминува и легендарниот Петр Чех.

  • Беше огромна привилегија да ја извршувам оваа улога во Челси во последните три години. Со новите сопстевници, чувствувам дека сега е вистинското време да се повлечам. Задоволен сум што клубот сега е во одлична позиција со новите сопственици и уверен сум во неговиот иден успех на теренот и надвор од него, – порача Чех кој ја имаше улогата на советник.
  • Петр е важен член на семејството на Челси. Ја разбираме неговата одлука да се повлече и му благодариме за неговиот придонес како советник и за неговата посветеност на клубот и на нашата заедница. Му посакуваме се најдобро, – истакна пак претседателот Тод Боли.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More