14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

И ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАНИТЕ ЗАБОЛУВААТ ОД КОРОНА Британци откриваат како ја надминале инфекцијата

Најчитани вести

Додека бројот на инфекции со коронавирусот во Велика Британија повторно расте, некои од целосно вакцинираните луѓе ја добија таканаречената пробивна инфекција, односно, тие се заразија со ковид-19 и покрај тоа што ги добија двете дози.

Клер Џенкинс (44) од Кембриџшир, се зарази со коронавирусот во август, откако нејзината ќерка се зарази вирусот на една забава, пишува Гардијан.

– Јас дури и не сакам да замислам како би изгледале работите доколку не бевме вакцинирани. Кога нејзиниот тест беше позитивен, ние четворица дома поминавме време во изолација, а бевме негативни. Но, четири дена по завршувањето на изолацијата, мојот сопруг почна да добива симптоми и беше позитивен два дена подоцна, додека јас и натаму бев негативна. По два дена, мојот тест беше исто така позитивен – рече Џенкинс.

Таа е вакцинирана со двете дози од април. Нејзиниот сопруг исто така бил целосно вакциниран кога се заразил со ковид-19.

– Дефинитивно бев изненадена кога се разболевме. Мојот сопруг имаше потешки симптоми од мене. Бевме многу загрижени за него некое време, тој имаше секакви симптоми и се чувствуваше навистина лошо околу десет дена – додаде таа.

– Моравме да го откажеме нашиот единствен одмор планиран за оваа година, две недели во Корнвол, на кој навистина се радувавме. Сакав и да трчам на Лондонскиот маратон и тоа во голема мера ги наруши моите планови за тренинг. Но, сепак сум среќна што бев вакцинирана. Да имаше проблеми, пропуштивме убав семеен одмор, но тоа не е крај на светот и јас дури и не сакам да замислам како би изгледале работите ако не сме вакцинирани – рече Џенкинс.

„Сè уште би рекол на секого – вакцинирај се“

Сајмон Прајс (54) од Оксфордшир верува дека ја добил короната кога бил во полуфиналниот натпревар помеѓу Англија и Данска на стадионот „Вембли“ во јули.

– Работев од дома цело време и бев малку горд колку внимавав да го заштитам моето семејство од инфекција. Одев само во продавница, дојдов во канцеларија неколку пати во јуни и бев на натпреварот. Инаку јас избегнував во овој период дружби – рече Прајс.

Два дена по натпреварот бев позитивен. Таму не се почитуваа мерки за дистанцирање, но јас носев маска; веројатно јас бев еден од стотемина што го направија тоа – додаде тој.

Неколку дена по натпреварот, Прајс, кој беше целосно вакциниран, разви симптоми на инфекција и беше позитивен. Се изолирал дома од сопругата.

– Спиевме во одделни спални соби добри три недели и за среќа мојата сопруга беше негативна цело време. Ги примив двете дози на вакцината и сигурен сум дека помогна да се намалат симптомите. Се чувствував лошо два или три дена, но сè уште вкусот не ми се врати 100%. Но, сум имал и полоши настинки од оваа – рече Прајс.

– После тоа го продадов моето членство на Вембли и одлучив дека нема да одам повторно на такви собири. Сега се дружам само со еден пријател додека ги шетам кучињата. Отидовме да јадеме во ресторан еднаш, но освен тоа се обидувам да се држам подалеку од луѓе. Сакам да патувам и многу сум дружељубив и во моментов немам никаква радост во мојот живот, така што со нетрпение очекувам да се вратам на дружење со луѓе и патувања. Јас сепак би рекол на секого – вакцинирај се“, додаде тој.

„Овој викенд ќе одиме на уште еден фестивал во Лондон“

Хана Мекгваер (28) од Лондон, отпатува на фестивалот „Wilderness“ во Оксфордшир во почетокот на август со група пријатели и остана таму од четврток до понеделник.

– Моравме да покажеме или сертификат за вакцинација или доказ за негативен тест. Некои од нас беа позитивни на ковид, една недела по одржувањето на фестивалот, и покрај тоа што ги добивме и двете вакцини – рече Мекгваер.

Мекгваер ја прими втората доза на почетокот на јуни, и првично ја замени нејзината инфекција со ковид со труење со храна.

– Подоцна видов дека повраќањето е исто така симптом на инфекција со ковид. Кашлав, се чувствував уморно и имав главоболка. Не беше убаво – рече Мекгваер, додавајќи дека не е сигурна дали е паметно да се оди на големи собири во време кога во светот доминира делта варијаната која според податоците многу побрзо се шири од другите соеви.

– Ако сме толку многу заедно, дури и на отворено, секогаш постои ризик некој да се зарази со ковид, сите сме млади и никој од нас не се разболи сериозно, но можевме да бидеме во контакт со поранлива група. Мило ми е што заминавме затоа што ништо не правевме со години. Викендов одиме на друг фестивал во Лондон, сега кога ја надминавме короната и се опоравивме – рече Мекгваер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com