Home » И Украина и Македонија заслужуваат членство во ЕУ

И Украина и Македонија заслужуваат членство во ЕУ

by Журнал.мк

Европската унија е обединета во силната поддршка на сувереноста на Украина и на украинскиот народ. Според евро-амбасадорот Дејвид Гир, местото на Украина е во европското семејство.

„Украина и Европската унија никогаш не биле поблиски. Украинските граѓани, кои храбро се борат за европските вредности, заслужуваат да бидат во ЕУ. Сега треба што е можно поскоро да се отворат пристапни преговори а паралелно да продолжат реформите. Ова е одлука што треба да ја донесат европските лидери“, изјави шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир.

Според францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, приоритет за ЕУ и за Франција како претседавач е поддршка на Украина како жртва и изолирање на Русија како агресор, а не членството на оваа земја во ЕУ. Двајцата амбасадори уверуваат дека сосема е различен случајот на Македонија и дека Украинското барање нема да го забави нашиот интегративен процес. Амбасадорите советуваат продолжување на реформите и давање шанса на дијалогот.

„По прашањето на европската интеграција, приоритетот не е во Украина туку во овој регион, уште повеќе во оваа земја и во Албанија. Почнат е процес што ветува и треба да му дадеме шанса да се оствари во најдобри можни услови. Европските институции и француското претседателство внимателно го следат и ќе ја преземат секоја корисна активност за да се стигне до заедничката цел: што побрзо отварање на преговорите за членство во ЕУ“, рече францускиот амбасадор во РСМ, Сибил Баумгартнер.

Амбасадорите Гир и Баумгартнер посочија дека ЕУ има стратешки интерес да ја види Македонија како членка на ЕУ, но продолжувањето на реформите е услов, додека новиот геополитички контекст ја зајакнува важноста од стабилизирање на регионот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk