15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

И преговорите на ЕУ со Македонија и со Албанија на агендата на европската турнеја на Бајден?

Најчитани вести

САД ја поттикнува Европската Унија конечно да почне преговори со Северна Македонија и со Албанија, бидејќи смета дека кредибилната политика на ЕУ е американски стратешки интерес.

Ова, според српскиот јавен радиодифизен сервис РТС, кој се повикува на неименувани дипломатски извори, би можел да го каже американскиот претседател Џозеф Бајден на состаноците со лидерите на ЕУ следната недела во Брисел.

„Соединетите држави очекуваат ЕУ да го преземе водството на Балканот, кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и целокупната политика за проширување, со активна поддршка на Вашингтон“, велат дипломатските извори на РТС.

САД и ЕУ ќе го засилат својот заеднички ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалогот за нормализирање на односите Белград – Приштина и поддршката за клучните реформи за европската интеграција, се вели во наводи од нацртот на заедничката декларација, кој може и да се промени до состанокот на Бајден со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на 15 јуни во Брисел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести