4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

И покрај санкциите, Германија издаде дозвола за „Северен тек 2“ во своите води

Најчитани вести

Секретаријатот за пловидба и хидрогеографија на Германија го одобри барањето на компанијата „Норд стрим 2“ за поставување на гасоводот во германските територијални води во зимскиот период, пренесува „Спутник“.

„Федералната служба за бродоградба и хидроградба на Германија ја одобри изградбата на цевководот за завршување на „Северен тек 2“ на делот од 16,5 км во змските месеци, “ се наведува во документот.

Од ресорот истакнуваат дека барањето го испратила компанијата „Норд стрим 2“ уште на 23 септември.

Американското Министерство за финансии соопшти на 21 декември дека воведува санкции против гасоводите „Северен тек 2“ и „Турски поток“. САД побараа од компаниите кои ги градат цевководите под итно да ја прекинат работата.

Компанијата „Олсиз“, која се занимава со поставување на гасоводот, веќе ги прекина работите. Но германскиот концерн „Унипер“, партнер на „Газпром“ во изградбата на „Северен тек 2“, изрази увереност дека ќе се најде начин гасоводот наскоро да биде завршен.

„Тоа би било важно за Европа зашто цевководот ќе ја зајакне безбедноста на испораката на гас и конкуренцијата на нашите пазари за добробит на потрошувачите“, рече портпаролот на компанијата, Георг Оперман.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com