19 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

И покрај забраната Албин Курти останува на изборнaта листа

Најчитани вести

Косовската политичка партија Движењето самоопределување (ВВ) чиј претседател е поранешниот премиер, Албин Курти на изборите на 14 февруари ќе учествува со целосна изборна листа, соопшти денес Сами Куртеши, претставникот на ВВ во Централната изборна комисија.

На изборната листа на Самоопределување има три лица, меѓу кои е и Курти, кои согласно неодамнешната одлука на Уставниот суд на Косово, немаат право на учество на овие избори, затоа што биле правосилно осудени за кривично дело во последните три години.

Куртеши појасни дека Албин Курти, Албулена Хаџиу и Бајрам Мавриќи ќе останат на листата бидејќи ЦИК не им даде можност да ги заменат кандидатите.

„Списокот на ВВ на изборите е комплетен со 110 кандидати. По неправедната одлука на ПЗАП и Врховниот суд кои ја отфрлија можноста за замена на кандидатите, таа е со 110 кандидати, како што првично беше доставена до ЦИК. Самоопределување поднесе жалби, но не доби право да ги замени кандидатите кои не добија овластување. Листата е со 110 кандидати, како што е поднесена од ВВ, и вака ќе гласаат граѓаните“, рече Куртеши.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести