9.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

И ПОКРАЈ ВЕТОТО ОД БРИСЕЛ, ПЕНДАРОВСКИ: СИТЕ ЛИДЕРИ СЕ ЗА ЕУ

Најчитани вести

Сите лидери на политички партии присутни на лидерската средба во претседателската вила на Водно кажале дека единствена стратешка цел на државата е членството во Европската Унија. Ова е констатирано по првиот дел од средбата, а во вториот дел ќе се разговара за датумот за предвремени избори.

На паузата од средбата претседателот Стево Пендаровски во изјава за медиумите рече дека од сите политички партии постои консензус Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне преговорите со ЕУ.

“И после самитот во Брисел на кој земјава не доби датум за почеток на преговорите и покрај тоа што ги исполни сите услови, драго ми што сите лидери јасно кажаа дека ова е патот по кој треба да одиме. Никој нема проблем со новата методологија на Унијата” рече Пендаровски.

Пендаровски кажа дека ќе инсистира да има консензус за датум за изборите, но да се внимава при изборот на датумот на ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО, да не се случи сите земји членки да го ратификуваат, а Собранието да биде распуштено.

По паузата лидерите продолжија со средбата и сега се разговара за датум за предвремени избори.

На средбата во вила Водно покрај премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, присуствуваат и лидерот на ДУИ Али Ахмети, на Алијансата на Албанците Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на ДПА Мендух Тачи и на Движењето Беса Билал Касами.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com